Наставниот кадар на ФСЈ при УАКС учествуваше на обука во Британскиот совет во Скопје

Во периодот од 28 ноември до 2 декември 2016 година, вон. проф. д-р Марјана Ванева, декан на Факултетот за странски јазици на Универзитет Американ Колеџ Скопје и м-р Јованка Јованчевска-Миленковска, лектор, учествуваа на обука за стандардизирање на оценувањето по англиски јазик на универзитетите на ниво на Р. Македонија. Обуката се одржа во просториите на Британскиот совет во Скопје.

Целта на обуката беше универзитетите во Македонија да работат заеднички во насока на поставување на појдовните точки во стандардизирање на оценувањето и подобрување на знаењето на учениците.

На оваа еднонеделна работилница присуствуваа претставници од сите универзитети во Македонија, кои го предаваат предметот современ англиски јазик.

Од колективната работа на професорите произлегоа два документи: прирачник со примери за пишување и прирачник за потребите на наставата по англиски јазик, чија што употреба перспективно ќе го зголеми нивото на познавање на англискиот јазик на дипломираните студенти во Р. Македонија.

Работилницата беше одржана од страна на консултантот г-дин Ричард Вест од Универзитетот во Манчестер, и истата беше во целосна согласност со прописите на Заедничката европска рамка за јазици (Common European Framework of Languages – CEFR).

 

 

 

 

Similar Posts