Наставници на ФПН при УАКС се ко-автори на поглавје во книга објавена од Номос Верлагсгеселшафт
Наставниот кадар на ФПН при УАКС, вон. проф. д-р Стево Пендаровски, вон. проф. д-р Иван Додовски и доц. д-р Марина Андева се ко-автори на поглавјето насловено: “Стравувајќи од бескрајните барања и учење како да се преговара за промени: застапеност на малцинствата во Македонија“, кое е дел од книгата „Надвор од меѓународната условеност, локални варијации на застапеност на малцинствата во Централна и Југоисточна Европа“.
Уредници на книгата се Балаш Визи, Норберт Тот, Едгар Добос, а истата е објавена од Номос Верлагсгеселшафт, еден од водечките издавачи на научни дела од областа на правните и општествените науки.
Книгата се осврнува на големите промени во сместувањето на малцинските заедници во земјите на Југоисточна и Централна Европа; нови тела на малцинските самоуправи, на изборните и неизборните консултативни тела и нови решенија за нивни претставници во парламентот.
Овие прашања се опфатени преку анализа на различните форми на „ефективно учество“ на малцинствата во јавниот живот, ефектите на европската интеграција и деталните студии на случај за различните модели усвоени во земјите на Југоисточна Европа и Централна Европа.
Публикацијата е достапна на следниот линк.