Наставници од ФСЈ при УАКС учествуваа во „Работилница за истражување“
Во периодот од 28 до 30 јуни 2017, наставниците од ФСЈ при УАКС, вон. проф. д-р Марјана Ванева, декан на ФСЈ и доц. д-р Ивана Трајаноска-Стефановиќ, посетија работилница насловена ‘(Пре) испитување на епизоди во училницата за професионално предупредување: Вежби во систематско-информативна рефлективна практика’.
Работилницата се одржа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од страна на проф. д-р Анџи Малдерез од Универзитетот од Лидс.
Наставници по англиски јазик од основните, средните училишта и високообразовните институции од државниот и приватниот сектор, учествуваа на тридневната работилница, и воедно учествуваа во интерактивни сесии, чија што цел беше наставниците (професорите) да се потсетат на нивниот метод на предавање и истиот да го обноват со нови, креативни идеи.