Национален консултативен состанок: презентација на резултати од студијата за врсничко насилство помеѓу младите во основните и средните училишта во Скопје

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на Националниот консултативен состанок: презентација на резултати од студијата за врсничкото насилство помеѓу младите во основните и средните училишта во Скопје – сегашна состојба и препораки, организиран од страна на Универзитетот Американ Колеџ Скопје во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Во рамките на консултативниот состанок  ќе бидат презентирани резултатите добиени од истражувањето „Врсничко насилство меѓу младите во основните и средните училишта во Скопје“, кое го спроведе Катедрата за психологија при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со поддршка од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Исто така ќе се дискутираат и идните насоки за превенција на врсничкото насилство во училиштата.

Настанот ќе се одржи во четврток, 25 јуни 2020 година, од 11:00 до 13:45 часот, на вебех платформата.

За да го резервирате вашето место, Ве молиме пополнете ја пријавата на следниот линк 

Similar Posts