|

ОБУКА за компании, членови на Деловен совет при Универзитет Американ Колеџ Скопје

Почитувани членови на Деловен совет при УАКС,

Оваа пролет, Универзитет Американ Колеџ Скопје повторно започнува со организирање на обуки за компании, членови на Деловниот Совет при УАКС.
Нашата прва дводневна обука на тема: Како да се справите со ‘проблематични’ луѓе преку успешна комуникација и менаџирање на конфликт”ќе се одржи на 30ти и 31ви Март во просториите на Универзитет Американ Колеџ Скопје, со почеток од 16 часот.
Обуката ќе ја води сертифициран SDI© обучувач, професор д-р Зденка Николовска, MPPM, CMC, PMP, Certified 3Q Practitioner and Trainer, Certified Life Coach and Dream Builder Coach, Certified GCDF.
Ако барем еднаш сте се запрашале:
• Како е можно некој вака да се однесува?
• Зошто вака реагира, па јас не мислев ништо лошо!
• Како можеше така да постапи?
• Зар уште треба да чекам на одговор?
• Како може да се преправа дека вчера ништо не се случи?
и ако сте заинтересирани да ги подобрите сопствените вештини за градење на успешни релации во сите ситуации со другите луѓе, клучот е во ваши раце – придружете им се на повеќе од три милиони луѓе во светот кои ја примениле SDI методологијата (http://www.personalstrengths.com/) за да станат поуспешни во секој поглед!
Оваа обука претставува одличен инструмент за справување со тешки луѓе / клиенти, зголемување на групниот перформанс и тимско работење без оглед на различностите во карактери, професионално искуство, образование, пол, возраст и сл.
Обуката е дводневна во времетраење од 3 часа на ден со вклучени 4 модули. Дополнително ќе ви биде испратена АГЕНДА за обуката.
*Обуката може да се организира на македонски или на англиски јазик во зависнот од барањата на компаниите. Исто така во зависност од барањата на компаниите, обуката може да се организира и во формат на еднодневна обука.
Цената на обуката е 4.400,00 денари нето по учесник.
Попуст од 10% за повеќе од 5 пријавени учесници од компанија.

Пријавување на networking@uacs.edu.mk со број на учесници од компанија со Име и Презиме.
Уплата на 
Универзитет Американ Колеџ Скопје  
жиро сметка: 250-0101009084-83 
Шпаркасе Банка

*Сите средства од обуката ќе бидат пренаменети за лекување во странство на нашиот долгогодишен професор д-р Зденка Николовска, како би помогнале на оваа прекрасна особа и врвен обучувач во лекувањето и победата на канцерот.

Similar Posts