Оглас за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

Почитувани студенти,

Во прилог ви го доставуваме линкот од Огласот за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија.

https://www.nbrm.mk/vrabotuvanje-vo-narodnata-banka-1.nspx

 Огласот е за вработување на 6 извршители на и тоа:

Три (3) извршители во Дирекцијата за информациска технологија на определено време во траење од 2 години, од кои:

–      1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи;

–      1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за надзор и сигурност на ИС и

–      1 извршител на работното место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање.

 

Три (3) извршители на неопределено време, од кои:

–      1 извршител на работното место „програмер I степен“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија;

–      1 извршител на работното место „помлад статистичар почетен I степен“ во Рефератот за портфолио, директни инвестиции и трговски кредити во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика и

–      1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за монетарни движења во Дирекцијата за монетарна политика и истражување.

Крајниот рок за пријавување на кандидатите ќе биде заклучно со 4 август 2022 година.

Similar Posts