| |

Оглас за вработување во Народна банка на Република Северна Македонија

Почитувани,

Народната банка на Република Северна Македонија, денеска (22 август 023 година-вторник), во дневните весници „Коха“ и „Слободен печат“, објави оглас за вработување на 4 извршители на определено време, и тоа:

 

–      1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за надгледување на платните системи во Дирекцијата за платни системи, на определено време во траење од 2 години;

–      2 извршители на работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика, на определено време во траење од 1 година  и

–      1 извршител на работното место „помлад супервизор почетен I степен“ во Дирекцијата за теренска супервизија, на определено време во траење од 1 година.

 

Рокот за пријавување на кандидати ќе трае заклучно со 31 август 2023 година.

Воедно, во прилог ви го доставуваме Огласот да го објавите на вашите огласни табли.

Со почит,
Дирекција за управување со човечките ресурси

 

Оглас

Similar Posts