Оглас за пракса во Европската асоцијација за локална демократија АЛДА Скопје

АЛДА Скопје е подружница на Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА, посветена на промовирањето на добро владеење и граѓанско учество на локално ниво. АЛДА особено се фокусира на активности кои ја потикнуваат соработката помеѓу локалните власти и граѓанските организации во Европската унија и пошироко.

АЛДА Скопје е регионалната канцеларија на АЛДА, одговорна за членовите од Западен Балкан и  ги спроведува проектите на АЛДА во Северна Македонија и регионот.

Потребни квалификации

Студенти на општествени науки, меѓународни односи, политички науки и јазици

Потребни вештини  

  • познавање на англиски јазик (усмено и писмено), познавање на француски јазик се смета за предност
  • познавање на Microsoft Word, Excel
  • комуникациски вештини
  • Способност за тимска работа и работа во интеркултурна средина

Основни одговорности

  • Поддршка во административното и финансисиско работење на канцеларијата
  • Превод на документи
  • Учество во организација на настани и состаноци
  • Учество и поддршка на изработка на проекти.
  • Поддршка при комуникација, изработка на написи и содржина за социјалните мрежи
  • Изработка на кратки извештаи од настани и состаноци

Зошто да ја одберете АЛДА Скопје?

  • Диналична мегународна средина со можност за личен и професионален развоj
  • Можност за усовршување и стекнување на нови вештини
  • Личен и професионален развој под менторство на искусни ментори

Времетрање на праксата

Од 1 до 3 месеци

Доколку сте заинтересирани, испратете ја вашата кратка биографија на aldaskopje@aldaintranet.org.

 

Similar Posts