Оглас за практиканти во Монтесори центар -студенти по Психологија

Локација: ул. Руџер Бошковиќ бр.9 Карпош

 

Времетраење на практична работа 20 часа неделно

(работни денови Понеделник до Петок во период од 9:00 до 13:00 часот)

 

Потребни квалификации:

-студенти по психологија,

-желба за работа со деца и вештини за комуникација со деца

– желба за тимска работа

отворена доверлива, одговорна, трудољубиваи позитивна личност

-желба за учење и усовршување

 

Краток опис на активности

– поддршка на воспитувачите во подготовка на околината и организацијата на работа

-изведување на рекреативни активности

– поддршка на децата во едукативните активностите

– грижа за хигиената на децата и просторот 

 

Вкучувањето на практикантите во Летната програма им дава можност:

  • да се запознаат со Монтесори пристапот
  • да стекнат знаења за организација на воспитно – образовната работа со деца на различна возраст,
  • да стекнат знаења за организација и оддржување на просторот во согласност со различните развојни потенцијали и интереси на децата
  • да стекнат знаења за организација на работата во пошироката општествена и природна средина

Практикантите можат да учествуваат во програмата две или повеќе седмици. Оние кои што ќе бидат вклучени повеќе од 3 седмици ќе имаат можност и самите да организираат активности со децата во согласност со програмата.

Лицата кои се заинтересирани за вклучување во програмата треба да испратат CV на нашиот маил montessori.macedonia@yahoo.com, по што ќе бидат повикани на интервју.

Similar Posts