Оглас за проектен асистент во Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје
АЛДА Скопје е подружница на Европската асоцијација за локална демократија АЛДА со седиште во Франција. АЛДА е организација посветена на промовирањето на добро владеење и граѓанско учество на локално ниво. АЛДА особено се фокусира на активности кои ја потикнуваат соработката помеѓу локалните власти и граѓанските организации во Европската унија и пошироко.
АЛДА Скопје е регионалната канцеларија на АЛДА, одговорна за членовите од Западен Балкан и ги спроведува проектите на АЛДА во Северна Македонија и регионот.
За спроведување на активностите и проектите АЛДА Скопје има потреба од проектен асистент.
Потребни квалификации
Завршено високо образование (предност од областа на општествени науки).
Една година работно искуство (предност од областа на спроведување проекти и граѓански сектор)
Потребни вештини
- Активно познавање на англиски јазик (Усмено и писмено)
- Одлично познавање на компјутерски вештини
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за тимска работа и работа во интеркултурна средина
- Подотвеност за работа на терен
- Солидни логистички способности
- Познавање на алатки за дизајн (Photoshop,Ilustrator, Canva) се смета за додадена вредност
- Францускиот јазик се смета за додадена вредно
Основни одговорности
Асистентот е поддршка на директорот и проектниот менаџер за целосна и навремена имплементација на проектните и канцелариски активности.
Главни задачи и одговорности
- Поддршка при административно и финансиското раководење на канцеларијата
- Поддршка при спроведување на проекти
- Поддршка при изработка и креирање на проекти
- Логистичка поддршка при организација на настани, работилници и состаноци
- Поддршка при комуникација, изработка на написи и содржина за социјалните мрежи,
- Изработка на проектна документација, извештаи и планови
- Пристуство на настани во земјата и странство
- Превод на документи
Зошто да ја одберете АЛДА Скопје?
- Интересна и динамична работа, можност за личен и професинален развоj
- Динамична работна средина во канцеларијата во Скопје
- Поддршка од меѓународен тим во 5 канцеларии во Стразбур, Брисел, Виченца, Суботица и Скопје
- Можност за усовршување и стекнување на нови вештини
- Развој на иинтеркултурни комуникациски вештини
Како да аплицирате
Доколку сте заинтересирани , испратете ја вашата кратка биографија со мотивационо писмо до 10 јуни 2021 година на aldaskopje@aldaintranet.org. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.