Оглас за проектен асистент во Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје

АЛДА Скопје е подружница на Европската асоцијација за локална демократија АЛДА со седиште во Франција. АЛДА е организација посветена на промовирањето на добро владеење и граѓанско учество на локално ниво. АЛДА особено се фокусира на активности кои ја потикнуваат соработката помеѓу локалните власти и граѓанските организации во Европската унија и пошироко.

АЛДА Скопје е регионалната канцеларија на АЛДА, одговорна за членовите од Западен Балкан и  ги спроведува проектите на АЛДА во Северна Македонија и регионот.

За спроведување на активностите и проектите АЛДА Скопје има потреба од проектен асистент.

Потребни квалификации 

Завршено високо образование (предност од областа на општествени науки).

Една година работно искуство (предност од областа на спроведување проекти и граѓански сектор)

Потребни вештини

  • Активно познавање на англиски јазик (Усмено и писмено)
  • Одлично познавање на компјутерски вештини
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за тимска работа и работа во интеркултурна средина
  • Подотвеност за работа на терен
  • Солидни логистички способности
  • Познавање на алатки за дизајн (Photoshop,Ilustrator, Canva) се смета за додадена вредност
  • Францускиот јазик се смета за додадена вредно

Основни одговорности

Асистентот е поддршка на директорот и проектниот менаџер за целосна и навремена имплементација на проектните и канцелариски активности.

Главни задачи и одговорности

  • Поддршка при административно и финансиското раководење на канцеларијата
  • Поддршка при спроведување на проекти
  • Поддршка при изработка и креирање на проекти
  • Логистичка поддршка при организација на настани, работилници и состаноци
  • Поддршка при комуникација, изработка на написи и содржина за социјалните мрежи,
  • Изработка на проектна документација, извештаи и планови
  • Пристуство на настани во земјата и странство
  • Превод на документи

Зошто да ја одберете АЛДА Скопје?

  • Интересна и динамична работа, можност за личен и професинален развоj
  • Динамична работна средина во канцеларијата во Скопје
  • Поддршка од меѓународен тим во 5 канцеларии во Стразбур, Брисел, Виченца, Суботица и Скопје
  • Можност за усовршување и стекнување на нови вештини
  • Развој на иинтеркултурни комуникациски вештини

Како да аплицирате

Доколку сте заинтересирани , испратете ја вашата кратка биографија со мотивационо писмо до 10 јуни 2021 година на aldaskopje@aldaintranet.org.  Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Similar Posts