Оглас за работно место АСИСТЕНТ ВО СЕКТОР РЕВИЗИЈА во РСМ Македонија
Друштвото за ревизија РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје објавува оглас за работно место АСИСТЕНТ ВО СЕКТОР РЕВИЗИЈА
Како дел од секторот за ревизија на оваа позиција, Вие ќе:
- Помагате во вршење на активности во ревизија
- Прегледувате и подготвувате работни документи
- Известувате за наоди
- Учествувате на состаноци за тековно планирање
- Комуницирате и соработувате со колеги и клиенти
- Ќе спроведувате постапки за тестирање и уверување
- Правите подготовка на ревизорска документација
Ние ви нудиме:
- Работа со врвен професионален тим
- Можност за долгорочна кариера
- Постојан професионален раст и развој
Вашите идеални квалификации за оваа работна позиција се:
- Универзитетска диплома од факултет за економски науки;
- Со или без работно искуство
- Силни комуникациски и внатрешни вештини
- Одлично познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office, особено MS Excel ( развиени компјутерски вештини )
- Уредност и посветеност кон детали
- Желба за теренска и канцелариска работа
- Демонстрирање на цврста работна етика
Вашата професионална биографија, ја очекуваме на: hr@rsm.mk , со назнака „За работно место: Асистент во сектор ревизија “.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.