Од идеја до странски пазар – Дел од серија обуки и работилници за претприемништво

Во рамки на серијата семинари и работилници организирани од страна на Агенијата за поддршка на претприемништвото на РМ и во соработка со УАКС Интитутот за претприемништво и лидерски развој, денеска е одржа панел дискусија за споделување на претприемачки искуства на темата „ОД ИДЕЈА ДО СТРАНСКИ ПАЗАР“ наменета за млади и идни претприемачи. Денешен специјален гостин беше инспиративниот Блаже Аризанков, кој почнувајки од мало струмичко село, сега е сопственик на една од најголемите и најуспешните компании во Индија за 2018та (според Форбс Индија).

Покрај денешниот говорник, во рамки на целокупниот серијал на настани се вклучени бројни претприемначи од Македонија, кои се подготвени да го споделат нивниот успех со сите оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис или пак имаат желба за развој на постојниот.

Следете ги социјалните мрежи за повеќе информации за идните обуки и панел дискусии.

 

 

Similar Posts