Отворена покана за практиканство во Триглав пензиско друштво АД Скопје
Триглав пензиско друштво АД Скопје упатува отворена покана за практиканство за сите заинтересирани студенти на УАКС.
Практичниот ангажман опфаќа:
- запознавање со основите и проширување на знаењето за пазарот капитално финансирано пензиско осигурување;
- запознавање со процесите на администрирање и управување со сметките на клиентите на друштвото;
- употреба и промоција на дигиталните алатки во продажните практики и настап на пазарот;
- запознавање со основите на маркетиншките и продажните процеси.
Формата и содржината на практичната работа подразбира:
- „On the job coaching & shadowing“ од страна на професионално вработено лице;
- Интересна и динамична работна атмосфера со можност за личен и стручен развој;
- Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови практични искуства;
- Можност за иден професионален ангажман во агентската мрежа на друштвото.
Работните обврски ќе бидат во делокругот на работење на Секторите за продажба и маркетинг и Администрирање на сметки на клиенти.
Заинтересираните кандидати да пратат свое резиме CV, на Гордана Костова – gordana.kostova@triglavpenzisko.mk