Отворени апликации за втора генерација на A1 WayUp, платена практикантска програма на А1 Македонија
A1 WayUp 2022
Почитувани,
Веќе втора година по ред, преку програмата A1 WayUp сме во потрага по 18 дипломци што дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: Data Analytics, Product development, IT & Technology, Sales Chanel development, Infrastructure & Cloud и Network engineering.
Учесниците ќе имаат можност да започнат да го градат својот кариерен пат со работа на реални проекти заедно со нашите искусни тимови, од кои ќе добијат целосна поддршка и едукација за да ги усовршат своите знаења и да стекнат нови вештини.
Периодот за аплицирање започнува од 15 јуни и трае до 15 јули 2022 година, а сите заинтересирани може да испратат кратка биографија и преку формулар да се пријават за една од позициите предвидени во оваа програма. Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.
Програмата е платена и трае една година, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Кандидатите што ќе работат како дел од тимовите во техничкиот сектор, маркетинг и дигитална трансформација, бизнис-продажба, ICT и Channel management ќе имаат можност да работат на проекти поврзани со автоматизација, анализа на податоци, IT бизнис-сервиси, развој на дигитални решенија, e-commerce како и развој на мрежи. Повеќе информации за позициите и за профилите може да се најдат на кариерната страница (линк во прилог подолу).
Целта на A1 WayUp е да им пружи на младите богато работно искуство исполнето со предизвици во некои од најактуелните теми на денешницата – Data, IT и Cloud итн. Веруваме дека оваа програма би била интересна за Вашите студенти, па затоа би сакале да Ве замолиме да ги известите преку Вашите канали за комуникација и да ги мотивирате да аплицираат за програмата.
Сите заинтересирани кандидати може да се пројават на следниот линк и да бидат дел од A1 WayUp – Generation ‘22.