Отворен повик за стипендии за студии во Унгарија во академска 2017/2018 година
Почитувани студенти на УАКС,
Би сакале да ве информираме дека е отворен повик за стипендии за додипломски, постдипломски и докторски студии во Унгарија за академската 2017/2018 година.
Со оваа можност, во академската 2017/2018 година, околу 4000 студенти ќе ги отпочнат своите студии во Унгарија во рамките на Програмата за стипендии во Унгарија (Stipendium Hungaricum Programme).
Повикот за аплицирање и неговите анекси се достапни на следниот линк.
За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страница на Фондацијата Темпус.
Крајниот рок за доставување на потребните документи од апликацијата е 5 март 2017 година.
Со почит,
Универзитет Американ Колеџ Скопје