Панел дискусија – Дигитална трансформација: младите како двигатели на прогресот
Почитувани студенти,
Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Македонија2025 и Делта Му Делта,
Ве покануваат на панел-дискусија насловена „Дигитална трансформација: младите како двигатели на прогресот”, која ќе се одржи во рамки на ReImagine сесиите поддржани од ИТЛабс.
Иднината е во дигитализацијата и дигиталните вештини. Секоја земја која цели кон тоа да биде голем играч во глобалната економија или има аспирации да ги достигне водечките земји мора да се фокусира на дигитализација. Придобивките од целосно функционално дигитализирано општество се бескрајни.
Македонските граѓани значително заостануваат зад своите врсници од ЕУ во однос на дигиталните вештини, како и користењето на дигиталните вештини во секојдневниот живот и работа.
Младите во Македонија се оние од кои се очекува да бидат движечка сила во имплементација на дигиталната трансформација и развојот на дигитално општество.
ден: понеделник (28 ноември 2022 год)
време: 14 часот
место: ИТЛабс Скопје
Во прилог и Агенда за самиот настан:
„Панел дискусија – Дигитална трансформација: младите како двигатели на прогресот”
Датум и време на одржување на панелот: 28.11.2022 г.; 14:00 – 16:00 часот
14.00-14.15 Пристигнување на гости
14.15-15.15 Панел дискусија
15.15-16.00 Коктел и вмрежување
Модератор: Михаил Огненовски, Делта Му Делта
- Панелисти:
- Проф. Д-р. Никица Мојсоска-Блажевски, Извршен директор на Македонија2025
- г. Андреј Петрески, Претседател на Комитетот за дигитална трансформација на
АмЧам/ Менаџер за продажба на Cisco за Северна Македонија и Косово
- г. Марко Серафимовски, Сениор директор, СЕМОС Едукација
- Цел на панел дискусијата:
„Дигитална трансформација: младите како двигатели на прогресот”
Дали младите се „дигитални„? За што користат Интернет? Кои дигитални вештини се потребни за успешна кариера на младите? Дали има човечки потенцијал за дигитална трансформација на компаниите ?
Агенда:
- Отворање на настанот – Модератор
- Презентација на анализата на Македонија2025 „Дигитализација и дигитални вештини на граѓаните и компаниите – Моментална состојба“ со посебен осврт на дигиталните вештини на младите – г-а Никица Мојсоска-Блажевски, Извршен директор на Македонија2025
- Панел дискусија: дел со прашања и одговори
- Коктел и вмрежување