Панел дискусија на УАКС на тема “Cледните чекори за процесот на Европска интеграција за Република Северна Македонија”
Денеска, 22 октомври 2019 во просториите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) се одржа панел дискусија на тема “Cледните чекори за процесот на Европска интеграција за Република Северна Македонија”.
На темата дисукутираа:
– Тимчо Муцунски – професор на Правниот факултет Јустинијан Први,
– Драган Тилев – Државен советник во Секретаријатот за европски прашања,
– Неда Малеска Сачмароска – Извршен директор на Центарот за управување со промени,
– Зоран Нечев – Раководител на Центарот за Европска интеграција при Институтот за демократија Societas Civilis.
Панел дискусијата беше модерирана од страна на доцент д-р Ирена Бојаџиевска, професор на Факултет за правни науки при УАКС и беше отворена за јавноста, каде присутните имаа можност да се вклучат во дебатата.