Панел за италијанско-македонската соработката во образованието

Почитувани,

Ве покануваме на Панелот за италијанско-македонската соработката во образованието – двојната диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

На 12 јуни (среда) 2024 година, со почеток во 12 часот, во Europe House Skopje, се организира панел за италијанско-македонските дипломатски односи и за соработката меѓу двете земји во областа на образованието.

На панелот ќе се обратат амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри, проректорката на Универзитетот Американ Колеџ Скопје проф. д-р Венера Крлиу, деканот на Факултетот за политички и општествени науки при Универзитетот Католика од Милано проф. д-р Гвидо Мерѕони и деканот на Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје проф. д-р Иван Додовски.

Двата универзитети неодамна потпишаа договор за двојна диплома за додипломски студии по политички науки и меѓународна комуникација. Со договорот се овозможува македонските студенти што завршиле две години од нивните студии во Скопје, да ја завршат третата година во Милано и да се стекнат со дипломи од двата универзитети.

Настанот е отворен за јавноста. Работен јазик е англискиот, без превод.

Ве очекуваме.

Similar Posts