Персонал Программер има одлична можност за вработување на ИТ практиканти

Драги студенти,
Персонал Программер има одлична можност за вработување на практиканти.
Тренинг програмите во нашата компанија се бесплатни за студентите, тие имаат можност за работа на “ongoing” проекти од прв работен ден во неколку различни технологии на шест месечна пракса, за веќе постоечки наши партнери и истовремено да се пријавени и платени. По завршувањето на праксата студентите се со можност за останување во компанијата долгорочно.
Имено поради недостигот на кадар во ИТ светот идејата е да придонесеме со практично знаење, но воедно и да ги задоволиме потребите за кадар онаму каде има доволно сениоритет кој може да пренесе знаење на новите генерации. Покрај желбата за споделување знаење и заеднички раст и развој на ИТ пазарот во Македонија, тоа е долгорочниот бенефит за компанијата, способни млади ИТ Инженери кои ќе работат во Персонал Программер.
Повелете линк од моменталните работни можности: https://personalprogrammer.mk/category/traineeship/

Similar Posts