“Пивара Скопје АД” објавува летна пракса
ПИВАРА СКОПЈЕ АД како дел од мултинационалните семејства на Coca Cola HBC & HEINEKEN ви овозможува комбинирана летна пракса (терен-онлајн), препознавање на вашиот потенцијал и почеток на вашето професионално усовршување”
ШТО ПРЕТСТАВУВА ЛЕТНАТА ПРАКСА?
Одлична прилика што ќе ти овозможи да го запознаеш светот на Пивара Скопје како дел од Coca Cola HBC & HEINEKEN;
Ќе имаш работа на терен, но и онлајн, ќе работиш проект и ќе имаш состаноци со менторот и тимот;
Ќе стекнеш нови знаења, ќе запознаеш луѓе,но и ќе се забавуваш;
Праксата ќе трае 5 работни недели исполнети со работа и дружење почнувајќи од 12.07-20.08.2021;
Ќе имаш можност да одиш на терен и да ја следиш нашата екселенција во продажбата;
Ќе имаш можност да анализираш податоци од целата групација и да ги користиш во рамките на твојот проект;
Твојата работа ќе биде менторирана од повеќе докажани професионалци во областа;
Сите студенти кои ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат за учество.
КАКО МОЖЕШ ДА СЕ ПРИЈАВИШ ЗА ПРОГРАМАТА?
Сите амбициозни и заинтересирани студенти (сите градови) кои се во последната година од своите студии, апсолвенти или постдипломци кои имаат интерес во полето на Продажба, Маркетинг, Финансии, Производство и Логистика можат да земат учество и да аплицираат за Coke Summership 2021 програмата.
Пристапете на копчето Apply now и очекувајте да бидете исконтактирани за процесот на селекција. Бројот на кандидати кои ќе земат учество во програмата е ограничен.
Сите заинтересирани кандидати ќе поминат преку дигитален процес на селекција, а пријавата ќе можат да ја реализираат најдоцна до 15.06.2021
ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Затоа што ќе имаш можност да стекнеш реално работно искуство на терен и од далечина, прилагодувајќи го своето работно време и распоред;
Затоа што ќе соработуваш со меѓународни тимови на тековни проекти;
Затоа што ќе научиш многу нови пристапи и ќе запознаеш луѓе од целата групација на Coca-Cola HBC & HEINEKEN;
Ќе имаш можност да воочиш како Пивара Скопје се соочува со новите предизвици и да контактираш со нашите клиенти;
Затоа што често излегуваш надвор од комфорната зона и уживаш да работиш на проекти;
Затоа што знаеш да изработиш одлична power point презентација;
Затоа што течно говориш и пишуваш англиски.
Пријави се веднаш и кажи ни во една реченица зошто баш ти си вистинскиот тип за polnacasa.mk.