Платена пракса во Simplify-ERP

Почитувани студенти,

Simplify-ERP е во потрага по млад и амбициозен кадар кој соодветствува на профилите на млади луѓе кои вие ги позиционирате на македонскиот пазар на труд, од Економскиот Факултет.

Крајот на јунската испитна сесија и почетокот на летото означува отворање на нашите Career Starter програми за работните позиции Business Analyst и Pre-Sales Consultant, кои овозможуваат 3 месечна платена пракса со можност за вработување по завршувањето на истата.

Simplify-ERP е германска компанија со претставништво во Македонија, која работи со клиенти од источно-европскиот пазар, на интересни и еко-френдли проекти. Во текот на праксата студентите ќе бидат дел од тим предводен од ментор, и ќе имаат можност низ практична работа да ги усовршат и преточат своите теоретски знаења во вештини.

Доколку сте заинтересирани за истата исконтактирајте не на телефонскиот број 077 998 119 или на оваа е-маил адреса (m96@simplify-erp.com)

Similar Posts