ПЛАТЕНА ПРАКСА за УАКС студенти во Триглав Пензиско Друштво
Почитувани УАКС студенти,
Во тек е отворен конкурс за ПЛАТЕНА ПРАКСА во Триглав Пензиско Друштво!
Ве охрабруваме да се пријавите.
Работните обврски на практикантите се следните:
– Администрирање со индивидуални задолжителни, индивидуални доброволни сметки на членовите и професионални сметки на членовите на пензиските фондови;
– Вчитување, контрола, корекции од електронска база на податоци;
– Грижа за сметките и пот-сметките во пензиските фондови и известување на членовите и пензионираните членови;
– Работи на подготовка и склучување на договори за членство во задолжителен пензиски фонд и доброволен пензиски фонд;
– Комуникација со потенцијални и постоечки клиенти со цел закажување на состаноци во врска со активностите на стручните соработници за продажба;
– Техничка поддршка и помош на стручните соработници за продажба и следење во извршување на нивните активности:
– Подготовка на бази на податоци за потенцијални клиенти (правни лица и индивидуалци);
– Подготовка на документација за потенцијални и постоечки клиенти – (статути, информативни проспекти, регулатива и друго).
Во контекст на овие работни задачи, Триглав Пензиско Друштво го нуди следново:
∙ Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
∙ Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;
∙ Стручно усовршување и проширување на знаењето за пензиските и доброволните фондови во Македонија;
∙ Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.
. On the job coaching & shadowing од страна на професионално вработено лице.
. Можност за идно вработување или подготовка за позиција надворешен агент на друштвото.
Заинтересираните кандидати да пратат свое резиме CV, на Габриела Неделковска, gabriela.nedelkovska@triglavpenzisko.mk.