Повеќе од 25 компании беа присутни на Денови на кариера на УАКС

Вчерашниот настан Денови на Кариера помина одлично!

Повеќе од 25 компании имаа можност да се сретнат со студентите, и да ги регрутираат своите потенцијални кадри. Додека пак, студентите одблиску се запознаа со работните позиции и праксите и имаа навистина голем избор во дејностите за кои беа заинтересирани.

Настанот во текот на изминатите две недели на Универзитет Американ Колеџ Скопје под името “Денови на кариера” беше посветен на студентите и нивниот успех во кариерата.
Првиот дел од настанот на студентите им овозможи работилница за пишување CV/биографија и подготовка за прво интервју за работа. Потоа, следеа мотивациски предавања од страна на Ивана Дојчиновска, менаџер за човечки ресурси од НЛБ Банка и Стефан Јовановски, менаџер за човекови ресурси во А1.

Денови на кариера беше повод да се обединат врвните бизнис професионалци од повеќе индустрии од земјава со студентите подготвени да зачекорат во светот на бизнисот.

На 25.2.2020г. се одржаа презентации на компании со можности за пракси и вработување за УАКС студенти. Присутни беа претставници од:

  • American Corner Skopje
  • Финансиско друштво Тиго Фајнанс
  • НЛБ Банка
  • Пивара Скопје
  • БДО Скопје
  • Стопанска Банка
  • Vrootok Маркетинг агенција
  • PWC
  • Шпаркасе Банка
  • KPMG
  • Друштво за консултантски услуги АЦТ
  • Алкалоид Скопје
  • Ernst & Young
  • Finance Think – Economic Research & Policy Institute
  • British American Tobacco Skopje
  • CodeWell
  • Slice
  • SalesRocks
  • Gsix
  • Sample Solutions
  • Center for Knowledge Management
  • AIESEC Macedonia
  • и други…

Настанот помина во одлична атмосфера и забележа голема посетеност од страна на студентите. Покрај тоа што студентите научија значајни работи за нивните кариери и добија совети за нивните севкупни професионални ангажмани, се остварија и значајни разговори со претставниците од бизнис светот, се организираа многу пракси, како и договори за вработувања.

Центарот за Кариера при УАКС им посакува успех на студентите кои ја обезбедија праксата и оние кои успеаа да добијат работни места кај посакуваниот работодавец. Воедно, голема благодарност и до компаниите, членки на Деловниот совет кои го подржаа овој настан.

Честитки.

Similar Posts