ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ за организацијата Младински Сојуз
За организацијата
Младински Сојуз е независна, невладина, неполитичка и непрофитна организација основана во 1999 година. Нашите членови (70-80 членови) се млади луѓе помеѓу 15 и 35 години, кои работат, студираат или изразуваат интерес во процесите на ЕУ интеграција на нашата земја. МСК е воден од страна на младите луѓе за млади луѓе, овозможувајќи им големо искуство за сите нејзини чинители.
За повикот
Преку три месечна практикантска програма Младински сојуз ќе обезбеди финансиски надоместок за 3 млади лица. Дополнително, нашата организација ќе ги мапира интересите на младите луѓе во различните програми од организацијата со цел понатамошно вработување на младите, по завршување на праксата.
Услови и обврски за учество во програмата
Сите заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да:
• Бидат на возраст од 16 до 29 години
• Да не се во работен однос
• Да имаат завршено најмалку основно образование
• Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од три месеци во назначен правен субјект.
Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:
• Назначено ментор лице во нашата организација кое ќе ги следи во текот на целата пракса
• Месечен нето надоместок во висина од 12 000 денари
• Можности за учество и вмрежување на настани од нашата организација и партнерски организации
• Можност за вработување по завршување на практиканството
• Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.
Обврските кои ќе ги имаат практикантите се следните:
• Уредно, совесно и навремено извршување на доверените задачи;
• Учество во секојдневната работа на правниот субјект каде ќе биде извршувана практиканстската работа
• Чување на класифицирани и доверливи податоци стекнати за време на практиканството
• Почитување на интерните протоколи и прирачници за работа на правниот субјект каде се извршува практиканството.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да испратат писмо за мотивација и кратка биографија најдоцна до 31 мај 2024, до полноќ. Доколку се потребни дополнителни информации за повикот, слободно обратете се нa biljana@youthalliance.org.mk или на 078 30 52 51.