Полски искуства со локалната и регионалната управa
На 23 април 2019 година, во рамките на предметот регионална автономија и локална самоуправа, гостин предавач беше Марчин Соколовски (Marcin Sokołowski) докторант на Универзитетот во Варшава. Тој работи на европски проект чиј македонски партнер е ЗЕЛС. Предавањето се однесуваше на локалната и регионалната управа во Полска и на сите 4 нивоа на власт. Гостинот дискутираше и за една законска одредба во Полска, која предвидува најмалку 1% од општинскиот буџет да се потроши согласно на барањето на граѓаните, односно со нивно активно учество во одлучувањето за тоа како ќе се потрошат средствата.