Драги студенти,

Добредојдовте на Универзитет Американ Колеџ Скопје, на единствениот меѓународно акредитиран универзитет во Република Северна Македонија!

Завршувањето на некој од циклусите на високото образование и на некоја од студиските програми што се нудат и реализираат на нашиот универзитет, за вас ќе значи движење кон нови почетоци и нови успешни промени во вашиот приватен и професионален живот. Нашите европски и американски студиски програми ви нудат иновативни стратегии и техники за да се истакнете на пазарот на трудот насекаде во светот.

Силно верувам дека студирањето на нашиот и вашиот универзитет ќе претставува силен поттик за ваше натамошно образување и професионално продлабочување на знаењата што ги стекнавте низ сите нивоа на вашето образование. Студирањето на Универзитет Американ Колеџ Скопје ќе ви даде можност да помогнете науката да направи нови крупни чекори кон иднината и да го искористите вашето образование за доброто на сите.

Со комбинирање на европските и американските вредности, нашата цел е од вас да создадеме амбициозни, силно позитивистички мотивирани и високо морални личности. Бидете сигурни дека Универзитет Американ Колеџ Скопје несебично дава се од себе со цел да ги оплемени вашите животи со надеж дека дозата на знаење што ќе ви ја предадеме ќе прерасне во дрво на вашата мудрост.

Искрено ви посакувам да имате пријатно патување низ вашето образование на Универзитет Американ Колеџ Скопје, кој се стреми да го достигне врвот на европското високо образование. Рангирањето на прво место меѓу приватните универзитети во РСМ според шангајскиот универзитет Џиао Тонг, ја потврдува таквата наша вредност што, се разбира, претставува и наша гордост.

Бидете и вие дел од таа вредност и oд таа гордост!

Ректор на Универзитет Американ Колеџ Скопје
Проф. д-р Марјан Бојаџиев