Посета на Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ – Скопје
На 22 ноември 2017 година, во рамки на предметите Детска и адолесцентна психологија и Здравствена и клиничка психологија, студентите од Факултетот за политички науки и катедрата по психологија придружувани од нивниот предметен наставник м-р Димитринка Јорданова-Пешевска, го посетија Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост”- Скопје.
Воведни информации им беа дадени од страна на раководителот на Заводот, д-р. Мирјана Каева-Пејковска, педијатар генетичар.
Студентите имаа извонредна можност да научат повеќе за специфичните видови на психолошки нарушувања кај децата и адолесцентите и да ја проследат работата со клиент-дете од страна на мулти-професионалниот тим составен од психолози, педијатри, социјални работници, сестри и други членови на тимот.