Посета на летна школа во Падова за иновации и технолошко право

Вон. проф. д-р Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при УАКС и проф. д-р Вено Пачовски, продекан на Факултетот за компјутерска техника и информатика при УАКС, учествуваа на Летната школа за иновации и технолошко право (INNOVATION and TECHNOLOGY LAW SUMMER SCHOOL), која се одржа во Падова, Италија, под раководство на проф. д-р Клаудија Сандеи, во рамките на Факултетот за правни науки при на Универзитетот во Падова (UNIPD).

Во рамките на школата, вон. проф. д-р Марко Андонов одржа предавање на тема “The legal Treatment (status) of Digital Material – The case of the Republic of Macedonia with the illegally wiretapped conversations”, и отпочна дискусија со присутните учесници на школата на тема третман на дигиталните докази пред, за време и по завршување на судскиот процес, и можности за нивна злоупотреба во сите три фази.

Проф. д-р Вено Пачовски одржа две предавања, на следните теми:

  1. “What is BlockChain? Just another obscure (accounting?) concept or technology of the future”, во кое го претстави развојот и функционалноста на блокчејн концептот, кој се повеќе се применува на сите нивоа во живеењето и бизнис процесите (далеку надминувајќи го почетното, вообичаено поврзување со криптовалутите).
  2. “Information System aspects – IT meets Law”, во кое се осврна на современите предизвици на водење адвокатска и друга правна пракса, и можностите како информатичката технологија може да помогне во подобро и поефикасно менаџирање на тие процеси.

Во продолжение, наслов и кус опис на школата.

INNOVATION and TECHNOLOGY LAW SUMMER SCHOOL

 

Padova – June 18-23, 2018

DESCRIPTION The Innovation and Technology Law Summer School addresses emerging issues in the field of technology law, namely exploring the interface between computer science and law and the significant role that law plays in promoting innovation. The Summer School provides participants the opportunity to attend one of the Europe’s oldest universities, exchange ideas related to law, technology and innovation in an international environment, and experience cultural outings in a small group setting in Padova and nearby Venice.

TARGET GROUP Professors, graduate students, research scientists, and professionals who are interested in the intersection of law and innovation. The program is subsidized, with registration limited to 30 applicants.

ACADEMIC BOARD & SPEAKER The Innovation and Technology Law Summer School is promoted and directed by Prof. Claudia Sandei (Univ. of Padova) in cooperation with Prof. Seve Falati from Albany Law School in New York, with distinguished Law School Faculty from the United Kingdom, Macedonia and Italy also participating.

http://www.dirprivatocritica.unipd.it/corsi/innovation-and-technology-law-summer-school

Од дискусијата на школата, за време на предавањата, како и од дружењето на маргините со професори по право од Италија, САД и Англија, произлезе дека во суштина, еден од условите брзо да се напредува во кариерата, за еден правник, е се повеќе потребно да познава и технологија, и бизнис, но и ИТ (пред се, информациски системи и процесирање на големи количества податоци).

Беше разговарано и за идна, подолгорочна соработка на ниво на правните факултети од двата универзитети.

Similar Posts