Посета на Македонска берза АД Скопје
На 26 февруари 2018 година, студентите по деловна економија и организациони науки кои го слушаат предметот Финансиски пазари и институции кај предметниот наставник д-р Маја Парнарџиева-Змејкова, беа во посета на Македонска берза АД Скопје.
Целта на посетата беше запознавање со поставеноста на пазарот на капитал во Република Македонија и сите негови институции, организациската поставеност на Македонската берза, и секако, подетален увид во начинот на тргување со хартии од вредност во Република Македонија во реално време.
Презентацијата ја одржа претставникот од Берзата, г-а Евита Иванова.
Истовремено, студентите од оваа група учествуваат и во виртуелната берза, наградна игра на Македонската берза која започна во декември 2017 година. Студентите се приклучија во играта со започнување на пролетниот семестар во академската 2017/2018 година, а наградната игра ќе трае заклучно со јули 2018 година.
Тие ја искористија оваа посета за да дознаат повеќе како да ги искористат сите алатки за информирање на учесниците на пазарот на капитал, кои ги нуди берзата, а се донесуваат за финансиските и нефинансиските податоци на сите котирани или јавни компании.