Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за национална безбедност и Универзитет Американ Колеџ Скопје
На 10 февруари 2021 г. во просториите на Универзитет Американ Колеџ Скопје, директорот на Агенцијата за национална безбедност, д-р Виктор Димовски и ректорот на Универзитет Американ Колеџ Скопје, проф. д-р Томе Неновски, потпишаа меморандум за соработка.
Овој меморандум означува взаемна заложба за унапредување на заедничката соработка во областа на едукацијата и усовршувањето професионален кадар од студентите на Универзитетот за потребите на Агенцијата, размена на искуства, знаења и едукација. Со овој меморандум се креира и формално правна рамка за взаемна помош и поддршка во повеќе области од заеднички интерес на Агенцијата и Универзитетот, меѓу другото и стипендирање и доделување школарини, научноистражувачка работа, изработка на стратешки документи, организација на настани и взаемна експертска помош од областа на безбедноста.