Титулата почесен доктор, или “Doctor Honoris Causa”, е  највисоко академско признание кое што еден универзитет може да му го додели на одреден истакнат прпфесор.

Ова е посебно право кое им се доделува  на Универзитетите. Оваа титула претставува привилегија која што се однесува на одредени Академски организации.

Ова е нашиот начин  велејќи: “Ви благодарам. Ние ги цениме сите добри работи што сте ги направиле. ”

Не толку често  ја користиме оваа привилегија ,затоа што ние сакаме да се потенцира наградата и примателот на истата . И притоа сме горди на тоа.

Во изминатите десет години, на УАКС се имаат стекнато со наградата почесен доктор на науки, тројца исклучителни.
За прв пат оваа награда беше доделена во 2009 година на проф. д-р Филип Котлер, таткото на современиот  маркетинг.
Втората награда беше доделена во 2012 година, на проф. д-р Павел Норитака Танге, познатиот архитект.

И последно, но не и најмалку важно, во 2014 година, Берт Твалховен, основачот на Европскиот форум за претприемачко истражување (EFER) и поранешен претседател на Indivers B.V.

 

Поради посебен придонес за развојот и афирмацијата на УАКС и на високообразовниот процес во РМ и во светот, на неколкумина свои наставници и професори што придонесоа за силен развој на економската наука во светот, УАКС им додели соодветни почесни звања и тоа:

 

Филип Котлер – Почесен доктор на науки

На 15.9.2009 г., Филип Котлер (Philip Kotler) беше прогласен за почесен доктор на науки на УАКС (Doctor Honoris Causa).
Проф. Котлер е автор на повеќе од 55 книги од областа на маркетингот и не случајно многумина го нарекуваат маркетинг-гуру. Неговиот поглед на маркетингот во компаниите најдобро се гледа преку следниов цитат: „улогата на одделот за маркетинг во компаниите е да ги дефинира потребите, барањата и интересите на селектираните пазарни групи и нив да ги задоволи поефективно и поефикасно од конкуренцијата, на начин што ќе ја одржи или ќе ја подобри благосостојбата на клиентите или на општеството”.

1

 

 

 

 

 

 

 

Пол Норитака Танге – Почесен доктор на науки

На 25.4.2012 г., Пол Норитака Танге беше прогласен за почесен доктор на науки на УАКС (Doctor Honoris Causa).
Тој има работено низ целиот свет на многубројни проекти вклучувајќи и дел од зградите што се сметаат за обележја на Сингапур. Основал сопствена компанија – Tange Associates во 2003 г., која во моментот работи на повеќе од 40 проекти во 20 земји. Меѓу најмаркантните е проектот за изградба на второто највисоко училиште во светот – Mode Gakuen Cocoon Tower.

1

 

 

 

 

 

 

 

 

Берт Твалфховен – Почесен доктор на науки

На 10.12.2014 г., Берт Твалфховен беше прогласен за почесен доктор на науки на УАКС.
Тој е коосновач на првата компанија за ризичен капитал во Холандија – Гилде и основач на првата организација родител-наставник во Северна Холандија. Твалфховен е сериски претприемач и основач на повеќе од 54 бизниси во Италија, Франција, Холандија, Германија, Белгија, Русија, Украина, Англија, САД, Сингапур и Кина. Тој е еден од најзначајните и највлијателните актери што придонесува за збогатување на знаењето за претприемаштвото во Европската фондација за истражување во областа на претприемаштвото, во која УАКС членува од 2007 година.

2