Пракса во Империал Тобако ТКС а.д. Скопје
Империал Тобако ТКС а.д. Скопје Ви нуди вистински предизвик – практична работа во компанија – лидер на пазарот
Империал Тобако ТКС а.д. Скопје е дел од Империал Бренд Групацијата, една од светските водечки мултинационални компании со продажба во над 130 земји во светот.
Во насока на интензивирање на поддршката на младите кадри во процесот на студирањето и продлабочување на соработката со University American College Skopje, ИТ ТКС и понатаму активно се вклучува во процес на обучување на студентите заради добивање на практично работно искуство.
Во наредниот период од 3 до 6 месеци, Империал Тобако ТКС има потреба од практикант кој ќе биде вклучен во процесот на внесување, подредување и анализа на податоци во рамки на секторот Ланец на набавки. Самата пракса е структуирана со ментор за целиот период, обука и воведување во работата и нуди многу можности за учење, професионална надградба и сл. Работно време е 8 часа, од понеделник до петок.
Кандидатите треба да ги исполнат следните критериуми:
- Да се вонредни студенти или апсолвенти
- Или се запишани на додипломски студии
- Напредно познавање на англиски јазик
- Напредни компјутерски вештини
- Развиени комуникациски вештини
Студентите кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да достават кратка биографија (CV), потврда за вонреден студент/апсолвент на sandra.grujevska@uacs.edu.mk. Краен рок за доставување на апликациите е 18 февруари 2022 година.