Пракса во МАСИТ за УАКС студенти
Отворена пракса во МАСИТ!
Потребни Квалификации: ВСС, Економски факултет, со предност на дипломирани од отсекот Е-бизнис (со и без работно искуство во дејноста)
Вештини и способности:
- Способност за самостојна и тимска работа
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Способност за континуирано стручно усовршување и професионален развој
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Microsoft Word, Excel
- Менаџирање на социјални медиуми (познавање на алатка за графички дизајн ќе се смета за предност)
- Способност за одржување на веб страна (веб администрација)
- Точност, прецизност, дисциплинираност и одлични комуникациски вештини и подготовка на емаил и дописи
- Развивање и одржување на односи со компании членки, потенцијални членки и комуникација со соработници
- Флексибилност за работа на терен
Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување на сите задачи:
- Дистрибуција на информации до компаниите членки на МАСИТ, соработниците медиумите, институциите и другите засегнати страни
- Подготовка на неделен информатор за сите информации кои е потребно да бидат пренесени до членството на МАСИТ
- Подготовка на 3 месечен е-информатор на MailChimp
- Подготовка на кампања и креатива за одржување на социјални медиуми
- Одржување на веб страна на МАСИТ
- Одржување на базата на податоци на членовите на МАСИТ
- Техничка поддршка во организирање на настани, работилници, тренинзи и состаноци во организација на МАСИТ
- Достава на дописи до пошта и институции
- Врши други сродни работи за поддршка на работата на Извршната канцеларија
Времетраење на работната пракса: од 3 до 6 месеци со 8 часовно работно време
Надоместок: Согласно Закон за практикантство
Сите заинтересирани потребно е да испратат свое CV до contact@masit.org.mk