Пракса во Рептил за УАКС студенти (Психологија)
Отворена пракса во РЕПТИЛ во секторот за човечки ресурси!
Потребни Квалификации: студенти запишани на смер психологија
Вештини и способности:
способност за самостојна и тимска работа;
динамични, иницијативни и насочени кон резултати;
одлично познавање на Microsoft Word, Excel;
точност, прецизност, дисциплинираност ;
Основни одговорности кои следуваат со позицијата, со обезбедено менторство за спроведување
на сите задачи:
запознавање со ИСО стандардот 9001:2015;
следење на законската регулатива за Законот за работни односи;
архивирање на документација;
присуство на интервјуирање на кандидати за работа;
закажување на кандидати за интервјуа;
пополнување на документација;
и други работи согласно потребите на РЕПТИЛ;
Времетраење на работната пракса: 1 (еден) месец
Сите заинтересирани потребно е да испратат свое CV до info@reptilmarketi.mk