Пракса во Grant Thornton International
Почитувани УАКС студенти,
Грант Торнтон, grantthornton.mk, е дел од една од водечките организации во светот, Grant Thornton International, составена од независни фирми кои обезбедуваат широк спектар на ревизорски, даночни и советодавни услуги. Доколку имате желба да стекнете знаење од искусни професионалци и сакате да бидете дел од нивниот тим, аплицирајте за практиканска работа во секторот за Ревизија.
Улога во тимот:
- Можност за 3 месечна пракса во секторот за ревизија
- Учествување во извршување активности на проверка, ревизија и контрола
- Уредно водење на документацијата во согласност политиките на фирмата
- Нето Месечен надоместок од15,000 до 18,000 мкд
- Отворени 6 позиции
Потребни квалификации и компетенции:
- Студентод факултет за економски науки од било која студентска година
- Одлично познавање на Microsoft Office
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
- Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи информации
- Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме да ја испратите вашата кратка биографија со фотографија на Careers@mk.gt.com најдоцна до 30.05.2022 година.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Напоменуваме дека ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови.