Пракса во GS VISUALS

Ние:

– Бараме 3Д артист со или без работно искуство кој ќе се приклучи на нашиот тим во Скопје,

– Моделираме во AutoCAD, ArchiCAD и 3ds Max,

– Рендерираме со „Corona renderer “ и „V-ray render engine“ ,

– Работиме постпродукција во „Adobe Photoshop“, „Adobe After Effects“ и „Adobe Premiere“,

– Ќе Ви помогнеме за ваше постојано подобрување со континуирано споделување на нашето знаење и константно давање на насоки за вашиот професионален развој како дел од нашиот тим,

– Веруваме дека пријатната работна атмосфера е клучна за константна мотивација како и воспоставувањето на добар баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Доколку Вие:

– Уживате во креирање на високо квалитетни и фотореалистични слики и анимации кои се според највисоките стандарди во оваа индустрија,

– Сакате тимска работа и секојдневно споделување на нови идеи,

– Имате „око“ за композиција, современи идеи за уредување на просторот, познавање од внатрешен дизајн, партерно уредување, познавање на материјали и нивна соодветна примена,

– Имате предзнаења во сферата на 3Д визуелизација и горенаведените програми за изработка,

– Имате архитектонска или дизајнерска едукација,

– Добро се снаоѓате со работа во зададени рокови и сè уште сте мотивирани за испорачување на високо квалитетни слики и анимации,

Ве молиме испратете го вашето портфолио и CV на :

info@gs-visuals.com

Повеќе информации за нас на :

www.gs-visuals.com

www.instagram.com/gs_visuals_archviz/

https://www.behance.net/info068b

Similar Posts