Практикант за работна позиција Асистент во одделот Логистика во Аптив Скопје
Практикант / Студент за работна позиција Асистент во одделот Логистика
Во Аптив Скопје имаме потреба од Практикант / Студент во времетраење од 3 или 6 месеци.
Практикантот / Студентот ќе помага на работната позиција Асистент во одделот Логистика.
Главни задачи:
1. Анализа на достапност на компоненти за производство
• Внесување во Excel на потребата од компоненти
• Следење на залиха на материјал
• Проверка на идна потреба од компонента
• Техничка поддршка во системот за логистика
2. Помагање на MRPC (Material Requirement Planning Control Analyst) – Аналитичар за контрола на планот на бараните материјали
• Работа на forecast на залихата на материјалите
• Подобрување на процес за следење на специфичните компоненти со нарачки кои имаат дефиниран краен рок
Потребни квалификации:
• Студент/ка на Економски Факултет, предност би имале студентите од смеровите Бизнис и Логистика, Надворешна Економија и слично
• Студент/ка во 4та година или завршена 4та година, но со останати само неколку испити или дипломска работа)
• Одлично зборување на Англиски јазик и познавање на Microsoft Office пакетот
• Способност за тимска работа
• Прецизност и амбициозност
Ние ви нудиме:
• Можност за работа во глобална организација
• Личен раст и кариерен развој
• Слободен ден за роденден
• Спортски активности
• Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи
• Организиран транспорт и храна
• Социјални активности и програми
• Работно време: 08:30 – 16:30
Aptiv | Skopje | Macedonia
Доколку сте заинтересирани за пракса, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) со испраќање на следнава електронска адреса Rabota@aptiv.com.
Во предметот на пораката наведете ја позицијата за која аплицирате. Доколку не ви е доволно јасно околу описот на позицијата, ве молиме да не’ исконтактирате на телефонскиот број:+389.70.353.312
Рок за аплицирање: 30.04.2023
Само селектираните студенти ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Аптив Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на Аптив.
*Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: aptiv.hr.macedonia.staffing@aptiv.com