Практична работа во Народната банка
Студентите кои студираат во Република Северна Македонија и во странство може да поднесат пријава за вршење практична работа од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка.
Времетраењето на практичната работа е еден месец во текот на летниот период, во јуни, јули или август, 2022 година.
Образец „Пријава за вршење практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија“: (преземи)
Пријавата, пополнета од страна на овластеното лице од Универзитетот и од студентот, заверена со печатот на Универзитетот и со потпис од овластеното лице, како и со потпис на студентот, се доставува до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија или по пошта, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“, најдоцна до 10 мај 2022 година, на следнава адреса:
Контакт:
Народна банка на Република Северна Македонија
Дирекција за управување со човечките ресурси
бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1,
1000 Скопје
Република Северна Македонија
За сите дополнителни информации, студентите заинтересирани за вршење практична работа во Народната банка, можат да се обратат на HRMDRazvoj@nbrm.mk