Прв патент од областа на општествени науки во Република Северна Македонија и нов модел на мерење на организациска усогласеност

На 01 ноември 2019, во просториите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), Амфитеатар 1 со почеток во 12.00 часот, ќе се одржи промоција на првиот патент од областа на општествени науки во Република северна Македонија – Vox Organizationis и презентација на моделот за мерење организациска култура, лидерски стил и организациска усогласеност.

Vox Organizationis е резултат на долготрајна научна работа. Покрај Марјан И. Бојаџиев, во тимот се и Ана Томовска Мисоска и Миодрага Стефановска Петковска. Досега се објавени повеќе од 20 научни и стручни трудови, од кои првиот труд е објавен во 2011 година, а круна на истражувачката работа на тимот е добивањето Патент за Vox Organizationis.

Повеќе за VOX ORGANIZATIONIS

Агенда на настанот:
12:00-12:15 – Воведен говор на Лука Гнан, редовен професор по организациско однесување на Универзитет Тор Вергата, Рим Италија.
12:15-12:25 – Обраќање на  Богољуб Илиевски, раководител на одделението за патенти и европски патентен застапник во БЕРИН, друштвото за интелектуална сопственост. Компанија во областа на заштитата на интелектуалната сопственост (ИС) во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.
12:25-12:35 – Обраќање на Марјан И. Бојаџиев, носител на проектот и коавтор, Универзитет Американ Колеџ Скопје
12:35-12:50 – Пробно мерење на VOX инструментот
13:00 – Коктел

Промоцијата е отворена за јавноста.

За дополнителни информации:
Рахела Евтимова, тел: 078 455 149; e-mail:rahela.evtimova@uacs.edu.mk

Similar Posts