ПРВ ХАКАТОН ЗА РАСКАЖУВАЊЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО СО КОРИСТЕЊЕ НА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ
Во организација на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21, на Универзитетот „Американ Колеџ“ – Скопје, ќе се одржи првиот ХАКАТОН за развој на концепти за нови културни доживувања, со користење на имерзивни технологии, кои ќе бидат дел од првата мобилна апликација „Имерсиум“ (Immersium) за археолошките локалитети: „Стоби“ (Македонија), „Емона“ (Словенија) и „Виминациум“ (Србија).
Право на учество имаат сите млади крeативци, студенти од 18 до 35 години, со искуство и интереси во креативниот сектор, културата (римското културно наследство), уметноста или во новите модели на комуникација и маркетинг. Заинтересираните треба да се пријават со тим (од три члена), со пополнување на електронската форма за регистрација – https://bit.ly/3v28KKG , најдоцна до 25.04.2022 год.
Датумот на одржување на хакатонот дополнително ќе биде одреден. Хакатонот ќе се одржува два дена, во просториите на УАКС.
Учесниците ќе развиваат концепти за раскажување на приказни, кои треба да придонесат за поголема промоција и посетеност на трите археолошки локалитети ( „Стоби“, „Емона“ и „Виминациум“).
Пријавените тимови ќе имаат поддршка од тројца ментори, професионалци и претставници од креативниот и културниот сектор, кои ќе работат заеднички со тимовите во развојот на нивните концепт – решенија. Наградниот фонд за овој ХАКАТОН е во вредност од 1.500 евра, а избраните концепти ќе бидат дел од мобилната платформа „Имерсиум“ (Immersium). Целта на „Имерсиум“ (Immersium), како платформа е да овозможи нови модели за промоција на културата, со користење на имерзивните технологии и да креира атрактивни и интерактивни доживувања за посетителите на културните локалитети на Балканот, но и во Европа.
Имерзивните технологии се технологии на 21 – от век. Тие создаваат различни искуства, со спојување на физичкиот свет со дигитална или симулирана реалност.
Аугментираната реалност (AR) и виртуелната реалност (VR) се два главни типа на имерзивни технологии. Со нивното користење во различни сектори, како што е културното наследство, овие технологии уште повеќе се доближуваат до граѓаните како корисници, преку новите алатки со кои се доживува минатото и се раскажуваат приказни кои нудат интеракција.
Овој дводневен настан се организира во рамки на проектот: „Соработка за имерзивно раскажување за десиминација и промоција на културното наследство во Западен Балкан”, поддржан од Европската унија преку програмата „Креативна Европа“, кој Блинк 42-21 го спроведува со уште 6 партнери во Македонија, Србија, Словенија, Грција и Бугарија.
Дополнителни информации може да се добијат на info@blink42-21.mk , како и на социјалните медиуми:
Facebook страници: