Предавање во областа на компјутерски криминал и законски и етички прашања во е-бизнис
На 25 април (вторник) 2017 година, студентите на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, кои следат настава по предметот Вовед во е-бизнис со предметниoт наставник м-р Кристијан Петкоски, имаа можност да слушаат гостинско предавање во областа на регулатива и примена на право во е-бизнис.
Предавањето го одржа м-р Димче Атанасовски, генерален секретар на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ.
Г-дин Атанасовски е дипломиран правник и дипломиран компјутерски инженер, кој се има стекнато со титулата магистер по право на информатичка технологија на Универзитетот од Окланд (Auckland University), Нов Зеланд.
За време на предавањето, студентите се запознаа со следните теми: безбедност на интернет, компјутерски криминал, законски и етички прашања во е-бизнис и регулатива во Европската унија (ЕУ) и регулатива во Република Македонија. Воедно, студентите имаа можност да дискутираат интересни светски примери за примена на правото во меѓународни рамки.