Предавање на докторски студии по предметот Организациско лидерство
На 6 април (четврток) 2017 година, докторандите на УАКС отпочнаа со следење на наставата по предметот Организациско лидерство со предметниот наставник, проф. д-р Марјан И. Бојаџиев.
На воведното предавање присуствуваше наставникот на ФДЕИОН при УАКС, вон. прод. д-р Ана Томовска-Мисоска и координаторот за докторски студии на ФДЕИОН, доц. д-р Снежана Христова.
За време на предавањето, проф. д-р Бојаџиев даде осврт на лидерството, преку објаснување на неговите концепти, дефиниции, стилови и извори. Потоа, докторандите имаа можност да учествуваат во интерактивна дискусија со професор Бојаџиев.