Презентација на студентски проекти по предметот Вовед во макроекономија при УАКС

Почитувани,

Универзитет Американ Колеџ Скопје со задоволство Ве поканува на презентација на успешни проекти од студентите на предметот Вовед во макроекономија од Факултетот за деловна економија и организациони науки и Факултетот за политички науки.

Студентите изработија актуелни истражувања за моменталните случувања во светот предизвикани од Covid19 пандемијата, кои ќе ги презентираат во рамките на две теми:

Студентите од Факултетот за деловна економија и организациони науки ќе презентираат успешен проект на тема: Одговор на политиките на кризата Covid 19. Студентите анализираа 28 земји со преземени фискални и монетарни мерки како одговор на кризата, а дадоа и свое видување кои мерки можат да најдат примена и во нашата држава.

Студентите од Факултетот за политички науки ќе презентираат успешен проект на тема: Либра и дигиталните валути на централните банки, тема што тековно и во иднина ќе биде во фокусот на внимание. Дигитализацијата ќе биде неизбежен тренд, тековно забрзан со кризата, и тоа не само во банкарските и трговските канали, туку и во снабдувањето со парични средства надвор од традиционалните модели.

Настанот ќе се одржи во понеделник, 29 јуни 2020 година, од 14:00 до 16:00 часот, на платформата WEBEX.

За да се приклучите на презентациите на УАКС студентите, искористете го следниот линк 

Работен јазик на презентациите е англиски.

Ве очекуваме,

Similar Posts