Претставник на УАКС, факултетот за Политички науки и психологија учествуваше на 23та Интернационална конференција за безбедни заедници

Димитринка Јорданова Пешевска професор од практиката на УАКС, факултетот за Политички науки и психологија присуствуваше на 23та Интернационална конференција за безбедни заедници „Безбедните заедници се есенцијална потреба на денешното модерно општество“, Нови Сад, Србија од 10 до 12 октомври 2017 година. Таа имаше презентација на својот труд преку постер насловен: „Поврзаноста помеѓу резилиентните фактори во адолесценцијата со злоупотребата и занемарувањето во детството” во ко-авторство со професор

д-р Фимка Тозија.

На Интернационална конференција за безбедни заедници учествуваа над 200 водечки светски експерти, истражувачи, практичари, креатори на политики и активисти за да споделат информации и искуства и да дискутираат решенија како да се спречат повредите во сите области, за сите возрасти, во сите средини и ситуации, повикувајќи се на поддршка од владиниот, невладиниот сектор и локалната заедница. Моделот за безбедни заедници е меѓународно прифатен модел за најдобра практика заснована на докази за решавање на проблемите на локално ниво со цел да се намалат повредите и да се промовира безбедноста и благосостојбата за сите граѓани во заедницата.

Similar Posts