Програма за платена пракса, A1 WayUp 2024
Почитувани УАКС студенти,
А1 Македонија и оваа година, четврти пат по ред ја имплементира програмата за платена пракса, A1 WayUp. Повикот е отворен за 10 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: автоматизација, анализа на податоци, визуелизација на податоци, ИТ Инфраструктура, Бизнис Маркетинг, Технички сервиси и др.
Доколку бидат избрани, кандидатите ќе имаат можност да започнат да го градат својот кариерен пат со работа на реални проекти заедно со нашите искусни тимови, од кои ќе добијат целосна поддршка и едукација за да ги усовршат своите знаења и да стекнат нови вештини.
Периодот за аплицирање започнува од 25 јуни и трае до 28 јули 2024 година, а сите заинтересирани може да испратат кратка биографија и преку формулар да се пријават за една од позициите предвидени во оваа програма. Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.
Програмата е платена и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, а започнува на 01.10.2024. Практикантите ќе имаат можност да работат на проекти поврзани со автоматизација, анализа на податоци и визуелизација, мрежна инфраструктура, Бизнис маркетинг, Технички сервиси и др. Целта на A1 WayUp е да им пружи на младите богато работно искуство исполнето со предизвици во најактуелните теми на денешницата – Data, IT, Cloud & Infrastructure итн.
Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк и да бидат дел од A1 WayUp – Generation ’24.