Вториот дел од пролетниот семестар од академската 2021/2022 година на УАКС, со присуство на академскиот кадар и студентите
Почитувани студенти,
Поради подобрената здравствена состојба во однос на вирусот Ковид-19, би сакале да ве известиме дека наставата во вториот дел од пролетниот семестар од академската 2021/2022 година на УАКС ќе се организира со присуство на академскиот кадар и студентите.
Наставата на академскиот кадар кој има статус на визитинг професори и не престојува во Скопје, ќе се организира преку видеоконференцискa врска, преку платформата Webex.
Со одобрение од деканот на соодветната единица на УАКС, наставата по одделни
предмети ќе се врши и преку видеоконференциска врска или хибридна
настава.
Притоа, остануваат да важат следните заштитни мерки и протоколи:
- Задолжително носење заштитни маски;
- Задолжително користење средство за дезинфекција на рацете;
- Често проветрување на просториите;
- Заштитни бариери;
- Задолжително физичко растојание.
Испитите на прв циклус и испитите на втор циклус студии ќе се организираат на еден од следните начини:
- Писмен испит со физичко присуство во просториите на УАКС
- Писмен испит преку платформата Moodle и Webex;
- Устен испит со физичко присуство во просториите на УАКС;
- Устен испит преку платформата Webex;
- Устен испит со презентирање проекти или практична работа на УАКС (важи само за студентите на ФАД);
- Електронски испит преку изготвување проекти или други активности (важи за студентите на ФКТИ, но и за сите други предмети на УАКС кои се поврзани со компјутерски вештини);
- Комбинација од горенаведените или друг начин за кој одлучува секој предметен наставник посебно.
Одбраните на дипломските, магистерските и докторските студии ќе се вршат со физичко присуство, а по исклучок и со одобрение од декан на соодветната единица на УАКС можат да се организираат преку видеоконференциска врска.
Ви посакуваме успех на испитите и се гледаме во предавална!