Промена на датум: панел дискусија „Да се живее и старее со аутизам“
Почитувани,
Поради прекин во електричната мрежа во Општина Аеродром од страна на ЕВН, Ве известуваме дека настанува промена во датумот на одржување на панел дискусијата на тема: „Да се живее и старее со аутизам: британски и македонски искуства“, којa беше закажанa за денес, 30 ноември, со почеток во 12 часот.
Нов термин на одржување на панел дискусијата е 1 декември 2017, петок, во периодот од 12:00 – 13:30 часот во Амфитеатар 1 (4-ти кат) на Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Новата покана за настанот е достапна на следниот линк.
Однапред Ви благодариме на разбирањето и го очекуваме Вашето присуство на утрешниот настан.
Со почит,
Универзитет Американ Колеџ Скопје