Промени во раководството на УАКС – избран нов проректор за настава

Во согласност со Законот за високото образование на Република Македонија и Статутот на Универзитет Американ колеџ Скопје, Универзитетскиот сенат на седницата одржана на 31 јануари, по предлог на ректорот на УАКС, проф. д-р Марјан Бојаџиев, ја избра доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски за проректор за настава на Универзитет Американ колеџ Скопје.

Таа му се придружува на проректорот за научно-истражувачка работа, вон. проф. д-р Марјан Петрески како проректор за настава.

Убедени сме дека последната промена во раководството на Универзитетот ќе овозможи плодна соработка, која ќе придонесе за позитивни резултати за студентите и наставниот кадар на УАКС.

И посакуваме сè најдобро на доц. д-р Венера Крлиу Ханџиски на новата позиција.

 

Similar Posts