Универзитет Американ Колеџ Скопје е високообразовна институција која ги комбинира најдобрите образовни методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем. УАКС е основан под закрила на мотото дека сите луѓе се збогатени преку образованието. Основан во 2005-та година, како еден од неколкуте приватни и независни универзитети во Македонија, ја стекнува својата првобитна акредитација од страна на Одборот за акредитација и решението за вршење високообразовна дејност од страна на Министерството за образование и наука на РМ.
УАКС се смета за Универзитет од третата генерација – универзитет кој е незавизен од владина поддршка, спроведува настава воглавно на англиски јазик, и функционира во рамки на регионален или глобален пазар.
Работењето на УАКС се води според принципите „ТРИ-М“:

o Меѓународен наставен кадар;
o Меѓународни студенти;
o Меѓународни наставни програми, учебници и наставни помагала.

Ова е универзитет каде што се цени секој студент, каде што секој студент е сфатен сериозно, и каде што наставниот кадар ги знае студентите по име. Темелното внимание посветено на секој студент поединечно е карактеристика која го издвојува УАКС од останатите универзитети. И најважно од се, акцент е ставен на професионализамот и на холистичкиот образовен пристап кон студентскиот развој.

Мисијата и визијата на УАКС се меѓународната компонента од која произлегува јачината и додадената вредност.
Тие претставуваат патоказ кој води до патот на врвното образование, кадешто се создава и образува секој студент поединечно. Со цел да ја исполни својата мисија, УАКС е посветен на унапредувањето на образованието и споделувањето на нови знаења кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Р.Македонија.

Нашата визија е да се зголеми способноста на студентите да размислуваат критички и да го применат стекнатото знаење практично. Можностите и предизвиците на универзитетот се следат и соодветно се приспособуваат со цел да излезат во пресрет на барањата на нашите засегнати страни.

Движечката сила на општеството која што ги поврзува побарувачката и понудата на пазарот за труд е преседант за нашиот успех. Нашата посветеност кон заедницата е да обезбедиме тренинг и професионална поддршка на бизнис заедницата и владата. Најважно од се, УАКС придонесува за заедницата преку образување на квалитетен млад кадар кој е подготвен да пристапи кон пазарот за труд со големо теоретско и практично искуство.

Статут на УАКС

Етичкиот кодекс

Организациска структура на УАКС

Распоред на работни задачи на УАКС

Правилник за плати на УАКС

Решение за акредитација на УАКС

Акт за основање (Договор за основање на ДОО) и Одлука за преименување во УАКС

Решение за почеток со работа на УАКС

Правилник за заштита на личните податоци

Правилник за технички и организациони мерки за тајност заштита на личните податоци